24фудбал

Генгам го налути ПСЖ со елиминацијата во купот, „светците“ сега им дадоа ДЕВЕТ гола! (ВИДЕО)

ПСЖ ја наполни мрежата на Генгам, избраниците на Тухел постигнаа дури девет гола, Килијан Мбапе и Единсон Кавани реализираа хет-трик.

Франција

Пред десетина дена, Генгам приреди сензација во Лига купот и го елиминираше ПСЖ со победа среде Париз. Но „светците“ сега им вратија со камата и ги совладаа со 9-0 во првенството.

Нејмар посигна два гола, Килијан Мбапе и Единсон Кавани реализираа хет-трик, а точка на мечот стави Мунје.

Мал проблем за Томас Тухел е тоа што Марко Верати се повреди и мораше да биде заменет уште во 19. минута од мечот. ПСЖ и претходно беше тенок во средниот ред па сега нервозно ќе се чекаат вестите за типот на повредата. Италијанецот лошо го извитка скочниот зглоб и со болен израз на лицето го напушти теренот.

Тешко дека некој може да им се спротивстави на „светците“ во Франција, но за три недели ПСЖ игра против Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите и доколку Марко Верати отсуствува подолго, тоа ќе биде голем удар.