24фудбал

Арсенал го доби дербито со Челси и го врати Манчестер јунајтед во битката за топ четири (ВИДЕО)

„Топчиите“ го добија лондонското дерби со Челси, Лаказет и Косјелни донесоа триумф од 2-0, резултат кој му оди во корист и на Манчестер јунајтед.

Англија

Уште едно лошо издание на избраниците на Маурицио Сари, Челси не беше на потребното ниво на Емирати па Арсенал стигна до триумф од 2-0.

Резултатот беше отворен во 14. минута, Лаказет доби топка во шеснаесетникот се ослободи од својот чувар и силно биеше на првата статива, па не му остави шанси на Кепа за интервенција.

Пред крајот на првиот дел „топчиите“ ја дуплираа предноста. Фудбалерите на Челси заборавија на Косјелни, кого го посака и среќата, па наместо со глава, дефанзивецот ја закачи топката со рамо и го матираше Кепа за 2-0.

„Сините“ во вториот дел се обидоа да се вратат во игра но нивните обиде беа јалови. Гостите упатија само еден шут во рамките на голот во текот на 90 минути.

Резултатот му оди во корист и на Манчестер јунајтед, кој сега е само на -3 во однос на топ четири, а пред само еден месец заостануваше дури 11 бодови, по што управата реагираше и му врачи отказ на Жозе Мурињо.