24фудбал

Сасуоло останува нерешлива енигма за Интер (ВИДЕО)

„Нероаѕурите“ одново разочараа против Сасуоло, можеби не загубија но останаа без два бода во трката за топ четири финиш откако одиграа само 0-0 пред своите фанови.

Италија

Интер во првите три пресметки против Сасуоло забележа три победи од кои две беа со убедливи 7-0. Но потоа на следните осум дуели загуби дури седум пати и славеше само еднаш.

Избраниците на Спалети можеби вечерва не загубија, но тешко дека ремито без голови ќе им биде позитивен резултат бидејќи останаа без два бода во битката за топ четири.

На Џузепе Меаца, пред 11.000 дечиња (трибините беа празни по расистичките навреди на адреса на Кулибали), Интер се обидуваше до последниот миг, но не успеа да го совлада Консиљи.

Гостите сигурно ќе бидат задоволни со бод но можеа одново да си заминат од Милано со цел плен откако креираа неколку убави прилики.