24фудбал

Тотнем со гол во 93. минута го победи Фулам! (ВИДЕО)

Тотнем со гол на Винкс во третата минута од судиското продолжение го доби лондонскиот дуел против Фулам на Кревин Котиџ.

Англија

Љоренте е замената за Хари Кејн кој до март ќе биде отсутен од теренот. Шпанскиот напаѓач уште во 17. минута постигна гол но во својата мрежа и му донесе водство на Фулам од 1-0.

По шест минути игра во второто полувреме, Деле Али погоди со глава за изедначување на 1-1, се чинеше дека со тој резултат ќе заврши и мечот.

Но, во 93. минута Винкс исто така со глава постигна гол за комплетен пресврт и големи три бода за Тотнем во битката за местата кои водат во Лигата на шампионите.