24фудбал

Дембеле, Суарез и Меси донесоа нова победа за Барселона (ВИДЕО)

Барселона со 3-1 го победи Леганес и освои три нови бода во Примера со кои ја врати предноста од пет бода во однос на Атлетико Мадрид.

Шпанија

Барселона ја оправда фаворитската улога против Леганес иако се испоти за да дојде до победата. Меси почна од клупата, во игра влезе при резултат 1-1 и тогаш се промени се.

Резултатот беше отворен по половина час игра кога по асистенција на Алба, Дембеле постигна гол за водство на Барселона од 1-0.

По десетина минути игра во второто полувреме Лиганес го изедначи резултатот со гол на Браитваит.

На 20 минути пред крајот Меси биеше силно, голманот ја одби топката, на неа налета Суарез и ја смести во мрежата. Имаше контакт и со голманот па ВАР прегледуваше дали е регуларен погодокот. Судијата покажа на белата точка, голот беше признаен.

Конечниот резултат го постави Лионел Меси во судиското продолжение, Алба запиша уште една асистенција.

По 20 одиграни кола во Примера, Барселона има 46 бода, пет повеќе од Атлетико Мадрид и дури десет од Реал Мадрид.