24фудбал

Милан и без тренер и без пола тим триумфираше на гостувањето кај Џенова (ВИДЕО)

„Росонерите“ стигнаа до три важни бода откако попладнево и покрај големите проблеми успеаја да слават на незгодното гостување кај Џенова со 0-2.

Италија

За мечот на „Луиџи Ферарис“, Џенаро Гатузо не беше на клупата поради суспензија, а Милан дополнително беше ослабен поради неиграњето на Кеси, Калабрија, Ромањоли, Биља, Калдара, Бонавентура и Игуаин.

Но и покрај ваквите проблеми, „росонерите“ стигнаа до триумф од 0-2 и три важни бода.

Донарума со неколку добри одбрани ги спречи домаќините да поведат, за во финишот од мечот најпрво Борини да реализира за 0-1, а потоа Сусо по еден брз против напад да ги реши сите дилеми.