24фудбал

Ешли Кол се врати во Англија, тренер ќе му биде Лампард

Поранешниот бек на Челси и англиската репрезентација, Ешли Кол потпиша за Дерби откако го напушти ЛА Галакси.

Англија

38-годишниот бек, Ели Кол кој со Челси три пати ја освои Премиерлигата, од ноември е без клуб откако го напушти ЛА Галакси. Тој сега ќе игра под водство на неговиот поранешен соиграч Френк Лампард.

Кол потпиша за дерби договор до крајот на сезоната.

Дерби во моментов е на шестата позиција на табелата во Чемпионшип, целта на тимот е пласман во Премиерлигата, Лампард верува дека искуството на Кол ќе може да помогне во остварување на целта.