24фудбал

Тричковски постигна хет-трик и испиша клупска историја во АЕК Ларнака

Иван Тричковски имаше фантастичен меч на гостувањето кај Докса каде АЕК Лрнака победи со 5-0, а три погодоци беа дело на Македонецот кој стана најдобар стрелец на клубот во кипарското првенство.

Македонија

Тричковси беше стрелец на три гола за АЕК Ларнака, погоди во 22, 39 и 77 минута и беше играчот на мечот во победата на Докса.

За Тричко ова беше 36 гол за АЕК Ларнака во кипарското првенство, тој го помина Жоан Томас кој има постигнато 35 и стана најдобар клупски стрлец во шампионатот. 

„Среќен сум поради головите и победата, особено што таа доаѓа по лош период. Ќе ни послужи за подигнување на самодовербата и подобрување на атмосферата во престојните натпревари. Не се грижам за индивидуалните перформанси и статистики, најважно ми е тимот да победува“, изјави Тричковски по мечот.