24фудбал

Фрустрирачка вечер и промашен пенал за Роналдо, но Јуве немаше мака против Киево (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо имаше фрустрирачка вечер откако пропушти неколку добри шанси а промаши и пенал, но Јувентус лесно триумфираше над Киево со 3-0 .

Италија

Во последниот натпревар од 20. коло во Серија А, „бјанконерите“ лесно се справија со Киево и прокнижија нови три бода. Јувентус влезе како апсолутен фаворит и Даглас Коста со шут од далечина во 13. минута најави победа за домаќините.

Пред крајот на првиот дел, својот првенец во Калчото го постигна Емре Џан и зголеми на 2-0.

На стартот од вториот дел, Роналдо пропушти да ја зголеми предноста, ЦР7 биеше од белата точка но Сорентино го прочита и му го одбрани ударот.

Португалецот имаше фрустрирачка вечер и не искориси уште неколку шанси, но пред крајот на мечот гостите капитулираат и по трет пат. По еден скратен корнер, Ругани осамен скокна на пет метри и ја затресе мрежата на Киево за конечни 3-0.