24фудбал

Преселбата на Игуаин во Челси ‘виси во воздух’?

Поради еден трансфер, со кој ќе се пополни дупката која ќе ја остави Аргентинецот со своето заминување, засега се одложува промоцијата на Игуаин во Челси, нешто што е пред самиот финиш за официјализирање.

Англија

Долго очекуваната преселба на Гонзало Игуаин во Челси виси во воздух, според изјавата на асистент менаџерот во Милан, Луиџи Рико, дадена за британски Скај Спортс.

Аргентинскиот напаѓач не беше во составот на Милан во победата на Росонерите кај Џенова со 0-2 во текот на вчерашниот ден во рамките на Серија А, а шефот на стручниот штаб на тимот од Милано, Џенаро Гатузо, веќе изнесе потврда во јавноста дека искусниот напаѓач сака преселба во Челси.

31 годишниот Игуаин во моментов е позајмен играч од редовите на  Јувентус, но, според известувањата на Скај од Италија, се вели дека Челси веќе постигнал договор со Јувентус за позајмица на Игуаин до крајот на сезоната, со опција за дополнителни 12 месеци.

Како и да е, Рико во изјавата за Газета дело Спорт вели: “Секогаш на трансфер маркетот има падежи, но, ние знаеме како да се справиме со вакви ситуации.

Сево ова виси во воздух веќе неколку денови, но, работиме сериозно на случајот“ додаде тој.

Преселбата на Игуаин во Челси се верува дека застана во место најмногу поради преговорите кои Милан ги имаше со Џенова за ангажирање на Криштоф Пјатек, полскиот напаѓач кој е идентификуван како достојна замена за Игуаин во редовите на Росонерите.

Се очекува денес и официјално Пјатек да биде промовиран во нов напаѓач на Милан, а трансферот ќе чини 35 милиони евра со бонуси, токму нашиот репрезентативец Илија Несторовски од Палермо се верува дека ќе биде наследникот на Пјатек во нападот на Џенова.