24фудбал

Ивановски: Стоев на центарот од теренот, чекав...

Искусниот македонски напаѓач не е задоволен од досегашниот учинок во дресот на Хајдук од Сплит, вели дека може многу повеќе, тој се здоби со повреда на подготовките во Белек, а самиот потврди дека не е познат периодот кога ќе се врати на терените.

Македонија

Македонскиот напаѓач од редовите на Хајдук од Сплит, Мирко Ивановски се здоби со повреда на зимските подготовки на хрватскиот прволигаш, тој во изјавата за Јутарњи вели дека му претстојат десет дена работа во посебен режим, а ќе пропушти четири тест-меча за Хајдук.

29 годишниот Ивановски од оваа сезона е член на Хајдук, по трансферот од Славен, тим во кој играше клучна улога, лани за таа екипа постигна 15 погодоци, а Битолчанецот вели дека не е задоволен од досегашните изданија во дресот на Хајдук, каде на 17 меча постигна 5 погодоци.

Не сум задоволен, знам дека можам, а воедно и морам повеќе од ова. Кога дојдов во Хајдук, знаев за каков клуб се работи, со каква големина. Во Славен имав по три шанси на натпревар, од кои знаев дека ќе постигнам два гола. Во Хајдук очекував дека ќе имам повеќе прилики за гол, но, за жал, на стартот од првенството цел месец немав вистинска шанса. Стоев на центарот од теренот, трчав, чекав да се отвори некоја прилика...“ вели Ивановски.

Хајдук на подготовките во Белек има предвидено пет контролни меча, веќе ги одигра првите две, забележа победа над Динамо Букурешт од 2-0, а беше поразен од Грасхоперс минимално со 1-0, следат тестови со Шахтер од Доњецк, Ујпешт и Шахтјор од Белорусија.