24фудбал

Роналдо ја призна вината за затајување данок, доби две години затвор и парична казна од 19 милиони евра

Кристијано Роналдо ја прифати вината за затајување на данок, доби казна затвор од 23 месеци и ќе треба да плати парична глоба од 18,8 милиони евра.

Шпанија
По синоќешниот меч за Јувентус, Роналдо веднаш одлета во Шпанија каде утринава се појави во шпанскиот суд кој требаше да му ја изрече казната за затајување на данок.
 
Откако се изјасни за виновен, Роналдо очекувано доби казна под две години затвор, но ќе треба да плати и речиси 19 милиони евра.
 
Фудбалската ѕвезда сепак нема да заврши зад решетки бидејќи според шпанските закони ако е осуден на казна затвор помала од две години и таа е од ненасилна природа и ако му е прва, нема да лежи во затвор.
 
Токму затоа е вообичаено фудбалските ѕвезди во Шпанија да ги осудуваат на казна затвор помала од две години. Претходно таков беше случајот и со Лионел Меси.