24фудбал

Нејмар: Во Париз се чувствувам како дома

Бразилецот за момент ги коментираше и постојаните шпекулации со кои се поврзува подолг период, вели дека нема ништо точно од истите, а би биле точни, доколку тој зборува на таа тема.

Франција

Првата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар ги одби шпекулациите поврзани со него, кои го поврзуваат со враќање во Барселона, велејќи дека во француската престолнина се чувствува како дома.

Бразилецот се приклучи на францускиот првак во 2017. година за рекордни 222 милиони евра, а од тогаш, па наваму постојано се поврзува со враќање во редовите на Каталонците.

Се адаптирав на животот во францускиот фудбал, беше лесно, бидејќи Лига 1 е многу слична со Ла Лига“ изјави Нејмар за Канал+.

Ми требаше малку подолг период за да се адаптирам на животот во градот, но, по првично поминатиот период, сега во Париз се чувствувам како дома“ додаде Бразилецот.

Секогаш постојат шпекулации поврзани со мојата иднина, но, ништо од тоа не е точно, би било точно кога јас би зборувал на таа тема“ заклучи Нејмар кој потоа додаде дека е среќен што на големо се зборува зад неговото име, што го прави еден од најдобрите фудбалери на денешницата.