24фудбал

Прекината е потрагата по Сала, продолжува утре изутрина

Полицијата потврди дека потрагата по авионот во кој беше и фудбалерот Емилијано Сала е прекината, таа ќе продолжи утре изутрина со изгревањето на сонцето.

Англија

Вечерва ќе нема дополнителни информации за судбината на засилувањето на Кардиф, Емилијано Сала кој патуваше во авион кој исчезна на патот од Франција до Велс.

„Потрагата и спасувачката операција е прекината до изгрејсонце. Планот е да се продолжи утре кога ќе огрее сонцето. Нема да има дополнителни информации вечерва“, стои во соопштението на полицијата.

Засега се пронајдени бројни предмети во водите но не е потврдено дека тие се од авионот.

Некои претпоставуваат дека авионот експлодирал во воздухот по што се урнал во водата. Како одминува времето се помала е веројатноста за позитивни вести иако не се исклучува ниту една можност.

Емилијано Сала требаше да биде најскапото засилување во историјата на Кардиф кој за негов ангажман му плати на Нант 15 милиони фунти.

Играчот беше промовиран во Кардиф но се врати до Нант да се збогува со своите соиграчи и официјално да се опрости од францускиот клуб. На враќањето кон Велс авионот со кој тој патувал се губи од радарот на авио службите.