24фудбал

Монако го суспендираше Анри

Кратко траеше првиот обид за самостојна тренерска кариера на Тјери Анри, тој повеќе не е тренер на првиот тим на Монако.

Франција

Монако го суспендираше Тјери Анри од тренерската позиција во клубот се додека не донесе конечна одлука за неговата иднина.

Тој се уште останува на платниот список на Монако, но се чини дека тоа ќе трае се додека двете страни не се договорат за висината на обесштетувањето кое ќе го добие Анри бидејќи има тригодишен договор со клубот.

Од утре тренинзите на првиот тим ќе ги води помошникот на Анри, Франк Паси.

Се шпекулира дека Леонардо Жардим ќе се врати во Монако и наскоро тој ќе биде назначен за нов тренер.

Анри го водеше Монако на 20 натпревари, од кои имаше само пет победи, четири нерешени и дури 11 порази.