24фудбал

Нејмар се враќа на терените порано од предвиденото

Првата ѕвезда на францускиот првак би можел да му помогне на својот тим уште во првата пресметка со Премиерлигашот во осминафиналето од Лигата на шампионите, иако, постоеше загриженост дека го очекува подолга пауза од терените.

Франција

Повредата на Нејмар од дуелот со Стразбур донесе загрижени лица во таборот на ПСЖ, се стравуваше дека францускиот шампион ќе биде без својот најдобар фудбалер во првата пресметка против Манчестер јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Сепак, иако се работи за повреда која е доста слична со онаа претходната која го оддалечи Бразилецот од фудбалските терени на подолг период, сепак, иако се шпекулираше дека Нејмар го чека подолга пауза, тој ќе се врати на терените порано од што се предвидуваше.

Глобо Еспорте тврди дека повредата немала ефект врз старата повреда на Нејмар, односно фрактурата со која се здоби на неговиот петти метатарзал, па така очекувањата се тој да паузира десет дена и во тој период да добива адекватна рехабилитација.

Првиот дуел во осминафиналето помеѓу Манчестер јунајтед и ПСЖ се игра на 12 февруари, на терен на Премиерлигашот.