24фудбал

Навивачите на Нант веруваат дека Сала е жив, потпишуваат петиција за потрагата да продолжи

Повеќе од 40 илјади луѓе досега потпишаа петиција за продолжување на потрагата по Емилијано Сала, тие веруваат дека фудбалерот е жив и може да биде спасен.

Франција

По тридневно неуспешно пребарување, полицијата синоќа ја заврши потрагата по фудбалерот Емилијано Сала и пилотот на авионот.

Информацијата дека потрагата е прекината разочара многу од навивачите, гневно беше и семејството на фудбалерот.

Иако шансите за преживување се екстремно мали, има луѓе кои се надеваат дека тој е жив и може да биде спасен.

Повеќе од 40 илјади навивачи на Нант потпишаа петиција за продолжување на потрагата по фудбалерот.