24фудбал

Тухел проговори за шансите на Нејмар да настапи против Манчестер јунајтед

ПСЖ нема конкуренција во француското првенство, но главниот предизвик на клубот е во Лигата на шампионите каде има и други конкуренти за големиот трофеј.

Лига на Шампиони

Проблем за ПСЖ е повредата на Нејмар која ја заработи на куп дуелот со Стразбург. Тој го повреди зглобот и се уште е нејасно дали ќе игра против Манчестер јунајтед кој е во налет. Тухел вели дека мали се шансите за тоа.

„Ќе биде многу тешко тој да игра против Јунајтед, тоа е јасно“, вели Тухел.

„Немам потврда за нови дијагнози. Како што објаснив и претходно, прерано е да зборуваме за дата за враќање“.

„Треба да почекаме да помине првата недела што е многу важно и да ја видиме ракцијата на третманот. Потоа ќе бидеме попрецизни, но ќе биде многу тешко тој да биде подготвен за дуелот со Јунајтед. Не е тајна“.