24фудбал

Нејмар го пропушта двомечот со Манчестер јунајтед, ама не и роденденот на неговата сестра

Според пишувањата на Лекип, Нејмар ќе биде надвор од стројот до крајот на март и ќе ја пропушти пресметката со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.

Франција

По синоќешниот меч против Рен во Лиг 1, тренерот Томас Тухел соопшти дека ќе биде тешко Нејмар да се појави против Манчестер јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Попладнево со прогноза излезе и Лекип, весникот вели дека Бразилецот дефинитивно отпаѓа од двомечот со „ѓаволите“ и се очекува да биде надвор од стројот до крајот на март.

Доколку ваквите предвидувања се точни, Нејмар петта година по ред ќе пропушти натпревар и ќе може да го прослави роденденот на неговата сестра (11. март). 

По преселбата во Барселона, напаѓачот две години по ред „чудесно“ заработуваше суспензии во овој дел од сезоната, потоа две сезони беше повреден а и сега заработи незгодна повреда.