24фудбал

Нејмар нема да се оперира, но десет недели ќе биде во аут

Нејмар околу десет недели ќе биде надвор од теренот, ќе ги пропушти двата меча од Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед, но одлучено е да не оди на операција.

Франција

Бразилецот заработи повреда на мечот против Стразбург на 23. јануари, и докторите одлучиле Нејмар да добива конзервативен третман бидејќи неговата повреда може да се санира без операција.

Со оваа одлука на лекарите се согласил Нејмар, неговото враќање се очекува да биде за околу десет недели. Ваквите информации ги потврди ПСЖ со соопштение на својата веб страна.

Повредата на Нејмар и овој пат се поклопува со роденденот на сестра му кој од разни причини пет години по ред не го пропушта.