24фудбал

Судијата го прекина мечот во 9. минута, цел стадион со аплауз за Сала (ВИДЕО)

На дуелот помеѓу Нант и Сент Етјен му беше оддадена почит на Емилијано Сала, двата тима носеа маички со поддршка за Аргентинецот, а судијата во 9. минута ја прекина средбата за цел стадион да упати аплауз.

Франција

Нант го имаше првиот меч откако Емилијано Сала исчезна над Ла Манш на пат кон Кардиф, па Аргентинецот беше во мислите на сите приситуни на „Божуар“.

На загревањето, играчите на два тима излегоа со мачики во чест на напаѓачот. „Те сакаме Еми“ гласеше пораката на Нант, додека „Молете се за Сала“ беше слоганот на гостите.


Пред самиот старт на дуелот, на кругот на средината на теренот беше поставен транспарент со ликот на Емилијано Сала, а навивачите имаа подготвено своја кореографија во чест на Емилијано Сала.

Во 9. минута од мечот, судијата ја прекина играта за минута аплауз од сите присутни на стадионот.