24фудбал

ВАР и сомнителен пенал го вратија Интер во живот, но Лацио се избори за полуфинале (ВИДЕО)

Лацио го доби пенал рулетот со Интер и се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија, „нероаѕурите“ не успеаја да ја искористат шансата откако се вратија во живот со гол од белата точка во 125. минута.

Италија

„Бјанкочелестите“ си обезбедија пресметка со Милан во полуфиналето од Купот на Италија. Лацио вечерва го доби пенал рулетот на Џузепе Меаца.

Двата тимаа имаа неколку изгледни шанси, но вистинската драма дојде во финишот од регуларниот дел кога гостите имаа две големи прилики за водство, но Хандановиќ ги спречи ударите на Каиседо и Имболи. На спротивнста страна, Лаутаро Мартинез промаши од пет метри и пропушти да донесе победа за Интер.

Натпреварот замина во продолженија, а таму Имобиле со голема доза на среќа погоди за 0-1 во 108. минута. И кога се чинеше дека Лацио ќе триумфира, во последните мигови од дуелот, Милинковиќ Савиќ стартуваше над Д’Амброзио а судијата досуди слободен удар. Но ВАР покажа дека бодичекот на Србинот е во шеснаесетникот, па одлуката беше преиначена во пенал кој Икарди го реализираше во 125. минута од мечот.

Но „нероаѕурите“ не ја искористија оваа шанса, играчите на Лацио останаа поприсебни во пенал рулетот и се пласираа во полуфинале. Трагичар беше Наинголан кој во 5-та серија реши силно да бие по средината, а Стракоша го прочита и му го одбрани ударот за потоа Лукас Леива рутински да реализира за големо славје на гостите.