24фудбал

Мадрид ќе гори, две „Ел класика“ за четири дена на Бернабеу!

Ждрепката за полуфиналето во Купот на Шпанија ги спои Барселона и Реал Мадрид, па лутите ривали во период од 30 дена ќе имаат дури три „Ел класико“ пресметки.

Шпанија

Фудбалските љубители ќе имаат можност да уживаат во три дуели на Барселона и Реал во краток период откако ждрепката во полуфиналето од Копа дел Реј ги спои лутите ривали.

Првата пресметка ќе се игра на 6. февруари на Камп Ноу, а потоа Мадрид ќе гори бидеќи за четири дена ќе има два дуели на Бернабеу. На 27. февруари е реваншот во купот, а на 2. март е мечот во првенството на Шпанија.

Вториот полуфинален меч од Копа дел Реј е помеѓу Бетис и Валенсија.