24фудбал

Футсал: Македонија убедлива против Сан Марино, обезбедено е место во главните квалификации за СП

По вчерашната победа над Грција, нашите футсалци ја оправдаа фаворитската улога и во мечот против Сан Марино, идентичен резултат во победата над Грција имаше и нашиот главен конкурент Албанија денеска, против која играме во недела.

Македонија

Најдобрата македонска футсал репрезентација имаше лесна задача против аутсајдерот Сан Марино, селекција против која славеше со убедливи 7-0 на мечот во „Јане Сандански“, со што нашите футсалци стигнаа до втората победа во претквалификацискиот турнир за место во главната фаза квалификации за Светското првенство, место кое го обезбедија со денешната победа, а ќе имаат можност и да го освојат првото место во конкуренцијата каде настапуваат во оваа фаза.

По само три минути игра Македонија имаше два гола предност против Сан Марино, откако погодија Зибери и Крстевски. Глигоров по пет минути игра зголеми на 3-0, а веднаш потоа Сефери веќе зголеми и на 4-0 со што се најавуваше убедлива победа.

Првото полувреме заврши со „петарда“ во мрежата на Сан Марино откако погоди Зибери со својот втор гол на мечот, потоа следеа два гола во серија на капитенот Левески за конечни 7-0.

По ова, Македонија во недела ќе ги одмери силите со Албанија за прво место во групата, мечот е предвиден да се одигра со почеток од 20 часот.