24фудбал

Мбапе признава: Тешко е без Нејмар

Тимот на Тухел иако имаше водство, на крајот не успеа да извлече ниту реми од гостувањето кај незгодниот Лион, во пресрет на дуелот со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите, Мбапе признава дека играта без Нејмар е исклучително комплицирана.

Франција

Килијан Мбапе се надева дека ПСЖ извлече лекција за тоа како да се справи на натпреварите на кои ги нема Нејмар, ова доаѓа по синоќешниот пораз кај Лион во францускиот фудбалски шампионат.

На ПСЖ дефинитивно нема да му биде лесно против Манчестер јунајтед во осминафиналниот двобој од Лигата на шампионите, од францускиот првак потврдија дека Нејмар ќе отсуствува цели десет седмици од терените, а против Премиерлигашот кој игра во одлична форма под водство на Оле Гунар Солскјер, нема да биде лесно.

Ние не искористивме многу шанси, јас не сум загрижен за мечот во Лигата на шампоионите, едноставно мораме да одиме меч во меч и да чекаме на Лигата на шампионите“ истакна Мбапе кој потоа призна колку значи отсуството на Нејмар во тимот.

Доста е комплицирано да се игра без Нејмар, но, мораме да го прифатиме тоа, ланската сезона тој исто беше повреден, ќе биде добро да ги поправиме грешките кои ги сторивме во истиот тој период, во спротивно, ќе значи дека не извлекле никаква поука“ додаде младиот напаѓач на ПСЖ.