24фудбал

Едно тело пронајдено во авионот со кој леташе Сала (ФОТО)

Во пронајдениот авион со кој патуваше фудбалерот Емилијано Сала и пилотот, пронајдено е и едно тело, објавуваат англиските медиуми.

Англија

Синоќа беше пронајден авионот со кој патуваше Емилијано Сала, а денеска стигнуваат информации дека во него имало и едно тело.

Се уште нема информација дали тоа е на фудбалерот Емилијано Сала или на пилотот Дејвид Иботсон.

Авионот беше пронајден синоќа во англискиот канал, две недели по неговото исчезнување.