24фудбал

Де Лаурентис: Хамшик не е будала, кога увиде каков играч е Руиз...

31 годишниот Словак по цели 12 сезони си заминува од редовите на Наполи, тој доби пофалби за својот допринос во клубот лично од претседателот на истиот, но, тој вели дека има добра причина во неговото заминување.

Италија

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, вели дека Марек Хамшик си заминал од Наполи, а воедно му се приклучи на кинески Далиан Јифанг, за богата пензија, а тој додава дека сето тоа кулминирало со доаѓањето на Фабиан Руиз во тимот, по што Словакот увидел дека Руиз е доста подобар.

Хамшик покажа беспрекорен професионализам во клубот, исто и во градот, во екипата и со сите тренери со кои соработуваше, никогаш не нападна никого, дури ни во најтешките моменти, тој стана фудбалер каков што секој посакуваше да биде, јас му посочив дека неговата преселба во Кина може да се случи само по летниот преоден рок, бидејќи сакав Карло Анчелоти, по неговото пристигнување во клубот, да ги види сите фудбалери“ рече Де Лаурентис.

Потоа пристигна Фабиан Руиз... Хамшик не е будала, тој сфати дека веќе имаме четворица во тимот кои можат да имаат двојни улоги на теренот, а еден од нив е токму Руиз, и јас би постапил така во една таква ситуација и би си добил богата кинеска пензија“ заклучи првиот човек на Калчолигашот.

Скај Спорт Италија извести дека Хамшик веќе потпишал тригодишен договор со Далиан, каде на годишно ниво ќе заработува до 3 милиони евра.