24фудбал

Бејл пропушти да ја фрли Барса на колена, без победник на Камп Ноу (ВИДЕО)

Барселона и Реал Мадрид одиграа 1-1 во првиот меч од полуфиналето во Копа дел Реј, гостите поведоа преку Васкез а во вториот дел домаќините изедначија со голот на Малком.

Шпанија

Без победник заврши првото од трите „Ел класико“ пресметки кои се на програмата во период од 30 дена. Реал Мадрид со добар резултат си замина од Камп Ноу во првиот меч од полуфиналето во Купот на Шпанија.

Гостите рано сигнаа во водство, Лукас Васкез го матираше Тер Штеген веќе во 6. минута на асистенција на Бензема.

Барса изедначи на стартот од второто полувреме, кога Малком прецизно биеше крај стативата по една акција во која дефанзивците на Реал од гол линија расчистуваа.

До крајот на мечот Бејл имаше можност да ја фрли Барса на колена, Велшанецот слично како Малком имаше ситуација во која голманот не беше помеѓу стативите, но премногу се двоумеше па Семего го изблокира.