24фудбал

Македонија падна за три места на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од три позиции на најновата ФИФА ранг листа иако се уште нема меч оваа година.

Македонија

Нашата репрезентација е 71. на најновото рангирање на ФИФА, на промените на табелата најмногу влијаеа репрезентациите кои настапуваа на Азискиот куп.

Најголемиот скок го има селекцијата на Катар, која го освои Азискиот куп и скокна дури 38 места на табелата, сега е на 55. позиција.

Нема промени меѓу најдобрите десет, прва е Белгија, потоа следуваат Франција, Бразил, Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.

Од нашите соседи Србија е на 31. место, Грција е 45., Бугарија е 48., пред нас е и Албанија која е на 61. позиција, Косово е 130.