24фудбал

Нови проблеми за ПСЖ во пресрет на дуелот со Манчестер јунајтед

Освен првата ѕвезда во тимот, Нејмар, ПСЖ извесно е дека ќе биде без Верати на пресметката на Олд Трафорд, сепак, за потврда на тие најави Тухел ќе сочека на лекарските прегледи кои претстојат.

Франција

Шефот на стручниот штаб на францускиот првак ПСЖ, Томас Тухел потврди дека Марко Верати се соочува со нова повреда, а сево ова доаѓа во пресрет на првата пресметка со Манчестер јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Минатиот месец, Италијанецот од средниот ред на ПСЖ се соочи со повреда на коленото, тој се врати на тренинзите, но, и покрај тоа што имаше очекувања дека ќе игра на вчерашниот меч во Купот на Франција, сепак, изостана од мечот кој ПСЖ го доби со 0-3 на гостувањето кај Вилфранс.

Марко не беше во можност да го заврши тренингот во вторникот, имаше проблеми, а јас ќе морам да сочекам до резултатите од прегледите за да утврдиме дали ќе биде во можност да игра против Бордо (сабота). Неговата повреда е нешто ново, не е истата од претходно, навистина не знам ништо повеќе од ова“ посочи шефот на стручниот штаб на тимот од Париз, Томас Тухел.

ПСЖ првата пресметка со Манчестер јунајтед ја игра во вторник, и тоа на терен на Премиерлигашот, а освен првата ѕвезда во тимот, Нејмар, под знак прашалник за настап на Олд Трафорд сега е и Верати.