24фудбал

Каиседо и Кореа се караа кој да шутира пенал, Лацио со нова победа од 1-0 (ВИДЕО)

„Бјанкочелестите“ се помеѓу местата кои водат во Лигата на шампионите откако вечерва со 1-0 ја добија пресметката со Емполи на Олимпико.

Италија

Лацио го прескокна Милан и се искачи на четвртата позиција на табелата, избраниците на Инзаги забележаа нова победа од 1-0 и ја добија пресметката со Емполи пред своите фанови.

Клучниот момент од мечот се случи во 42. минута кога гостинскиот голман неспретно реагираше при една вратена топка, лошо ја прими и потоа направи пенал во обидот да расчисти пред Каиседо.

Судијата покажа на белата точка, а Каиседо по кратка расправија со Кореа за тоа кој да шутира, ја зеде топката и погоди за 1-0.

Со оваа победа, „бјанкочелестите“ сега имаат 38 бода, два помалку од третопласираниот Интер и два повеќе од Милан кој во недела го пречекува Каљари.