24фудбал

Ракитиќ говореше едно, во Италија пишуваат нешто сосема друго

Неизвесна е иднината на Хрватот на Камп Ноу, тој иако јавно говореше за тоа колку посакува нов договор, односно продолжување на верноста со клубот, од Италија пристигнуваат поинакви информации за него.

Италија

Иван Ракитиќ јавно говореше за тоа колку посакува да остане на уште подолг рок во редовите на Барселона, откако Хрватот изминатиов период постојано го потсетуваше клубот за нов договор, сепак, засега нема ништо од тоа, а дел од медиумите во Италија пишуваат нешто сосема друго.

Газета дело Спорт пишува дека Ракитиќ побарал од челниците на Барселона да си замине, а наводно Интер е неговиот прв избор во летниот преоден рок, истиот медиум додава дека тимот од Милано веќе му пристапил на искусниот фудбалер од средниот ред.

Весникот додава дека иднината на Ракитиќ на Камп Ноу „експлодирала“ во последен час, Каталонците веќе го ангажираа Франки де Јонг, а се уште е опција и Адриен Рабио, кој подолг период се најавува како следно засилување за Барселона.

Газета дело Спорт заклучува дека 30 годишниот Ракитиќ е подготвен за нови предизвици во неговата кариера, а Интер тој евентуален трансфер би го чинел околу 30 милиони евра, дека Италијанците имаат „џокер“ во своите раце доволно говори и фактот што имаат тројца Хрвати во својот состав кои сигурно можат да помогнат во нивните планови за Ракитиќ, тоа се Брозовиќ, Врсаљко и Перишиќ.