24фудбал

Трикот на Меси со шише и топка: Магија на Аргентинецот или монтажа? (ВИДЕО)

Лео Меси важи за еден од најголемите фудбалски магионичари, фудбалерот на Барселона своите вештини уште еднаш ги демонстрираше во реклама за Пепси која ги подели фановите на социјалните мрежи.

Останато

Пепси подготвува нова реклама со фудбалските ѕвезди, и како најава, на социјалните мрежи се појавија неколку видеа од зад сцената.

Денеска објава имаше Лео Меси, кој важи за еден од најголемите фудбалски магионичари. Аргентинецот изведе трик кој ги подели фановите на социјалните мрежи.  Тој постави шише над топката, зеде краток залет и ја испрати топката низ обрачот, додека пак шишето направи неколку ротации во воздух и перфектно се приземји.

Дел од фудбалските љубители сметаат дека ова е уште ден доказ дека Лео Меси е „ГОАТ“, додека пак други сметаат дека се работи за монтажа.

Синоќа голема дебата направи и видеото кое го постираше Мо Салах. Фудбалерот на Ливерпул без да гледа погоди лименка која беше поставена над обрачот.