24фудбал

ВАР му поништи два гола и го изнервира, Дардер со „голазо“ во 95. минута ги потопи Рајо и Димитриевски (ВИДЕО)

Рајо Ваљекано и Столе Димитриевски загубија на гостувањето кај Еспањол, Македонецот со неколку добри интервенции го чуваше водството на гостите, но не можеше да стори ништо во 95. минута од мечот.

Шпанија

Рајо втор меч по ред останува без бодови. Вечерва популарните „лос ваљеканос“ водеа на полувреме со голот на Ба, но во вториот дел два пати капитулираа.

Столе Димитриевски имаше неколку одлични одбрани на почетокот од вториот дел, но Македонецот не можеше да го спречи поразот. Еспањол изедначи од пенал во 72. минута, Иглесиас погоди од белата точка, за Дардер во 95. минута да донесе победа од 2-1.

„10-та“ на домаќините се налути откако ВАР му поништи два гола, па од врвот на шеснаесетникот закачи еден волеј и не му остави простор на Димитриевски да интервенира.