24фудбал

Лаутаро влезе и со првиот допир донесе победа за Интер на „Тардини“ (ВИДЕО)

Интер ја прекина лошата серија откако вечерва триумфираше на незгодното гостување кај Парма, Лаутаро Мартинез го постигна единствениот гол на мечот.

Италија

По три меча без постигнат гол и само еден освоен бод во Серија А, плус и елиминација во Купот на Италија, „нероаѕурите“ ја прекинаа лошата серија.

Избраниците на Спалети вечерва стигнаа до триумф од 0-1 на „Тардини“, гостување кое по традиција е незгодно за Интер. Херој на гостите беше Лаутаро Мартинез, Аргентинецот неколку моменти откако влезе во игра, со својот прв допир ја затресе мрежата на Парма.

Куцка загуби топка на средината од теренот, Интер тргна во контра, Наинголан во право време го проигра Лаутаро Мартинез кој биеше неодбранлово под пречката за 0-1.