24фудбал

Срамно однесување, навивачи на Саутемптон ја исмеваа смртта на Сала (ВИДЕО)

Двајца навивачи на Саутемптон се задржани од полицијата откако беа забележани како прават гестови со кои ја исмеваат смртта на Емилијано Сала, „светците“ ветија дека ќе им забранат влез на стадионот.

Англија

Гостувањето на Сент Мерис беше првиот натпревар за Кардиф откако Емилијано Сала официјално беше прогласен за мртов. Пред стартот на мечот, имаше едноминутно молчење а играчите на двата тима носеа црни траки во чест на Аргентинецот.

Но дамка фрли однесувањето на двајца навивачи на Саутемптон, кои со раширени раце имитираа авион, исмевајќи ја авионската несреќа на Емилијано Сала. Тие биле задржани од полицијата поради непримерна гестикулација, а „светците“ најавија дека ќе им забрани влез на стадионот на неодредено време.

„Нема место за вакво однесување во фудбалот, и ова нема да се толерира на Сент Мерси. Клубот ќе им забрани влез на овие навивачи“ - гласеше дел од соопштението на Саутемптон.