24фудбал

Роналдо испиша нова историја, за прв во својата кариера постигна гол на 9 гостински меча во низа (ВИДЕО)

Јувентус со 0-3 славеше на „Мапеи“ кај Сасуоло, Кристијано Роналдо испиша нова историја откако за прв пат во својата кариера на девет првенствени гостувања во низа ја тресе противничката мрежа.

Италија

„Старата Дама“ не може да сврзе три лоши утакмици, по ремито со Парма и поразот од Аталанта во купот, вечерва избраниците на Алегри стигнаа до триумф од 0-3 на гостувањето кај Сасуоло.

Кедира го отвори резултатот откако прв стигна до една одбиена топка. Роналдо биеше силно по средината на голот, Консиљи одбрани, но не можеше да стори ништо при вториот обид кога Германецот осамен биеше од пет метри.

Сасуоло имаше голема шанса да изедначи во 54. минута, Шчесни непотребно излезе и Берарди имаше празна мрежа, но неговиот удар од далечина заврши крај голот.

Казната за ова стигна во 70. минута кога Роналдо скокна највиско по еден корнер и погоди за 0-2. За ЦР7 ова беше 18 гол оваа сезона во Калчото, а тој исто така за прв пат во својата кариера постигнува погодок на девет првенствени гостувања во низа.

До крајот на мечот Џан ги постави конечните 3-0 на асистенција на Кристијано Роналдо.