24фудбал

Пјонтек не запира, Милан лесно се справи со Каљари (ВИДЕО)

Милан се врати во топ четири откако вечерва со 3-0 славеше против Каљари, Пјонтек ја продолжи одличната гол серија и ја потврди победата.

Шпанија

Милан не можеше да си дозволи кикс откако ривалите за топ четири пласман (Лацио, Рома, Интер и Аталанта) стигнаа до триумфи, па избраниците на Гатузо силно го започнаа мечот против Каљари.

„Росонерите“ рано стигнаа до водство, Чепители си постигна автогол во 13. минута. Десет минути подоцна по една одлична акција Пакета со волеј на втората статива зголеми на 2-0.

На почетокот од вториот дел, Пјонтек ја продолжи гол серијата и ја потврди победата.