24фудбал

Марсело требал да лаже и да чува тајна, Бразилецот откри кога Роналдо му се доверил дека заминува

Марсело знаел пред сите дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Реал Мадрид, но Бразилецот останал верен на својот другар па лажел и ја чувал тајната.

Шпанија

ЦР7 соопшти голема бомба по последниот свиреж во Киев и финалето од Лигата на шампионите, и навести дека заминува од Реал Мадрид. Неговата изјава ги изненади сите, но не и Марсело, кој сега открива дека неколку дена претходно дознал за намерата на Португалецот.

Левиот бек во интервју за „Еспорте Интеративо“ рече: „Трениравме за финалето и тој ми кажа „Заминувам!““.

„Ти кажал пред финалето? Ако е навистина така, ме лажеше мене“ – му одговори новинарката, по што Марсело со насмевка на лицето рече: „Да, морав да те лажам“.


Марсело исто така беше запрашан за шпекулациите дека ќе му се придружи на неговиот добар пријател Кристијано Роналдо во Јувентус. Баразилецот одговори дека „се работи за голем клуб“, но дека тој „имам договор со Реал Мадрид“.