24фудбал

Емилијано Сала починал од повреди на главата и градите

Отворен е процес за смртта на Емилијано Сала, на денешниот судски претрес во Дорест беше обелоденето дека Аргентинецот починал од повреди на главата и градите.

Англија

Емилијано Сала починал од повреди на главата и градите кога неговиот авион се срушил во Англискиот канал, ова беше кажано на денешниот судски претрес. 

Пред судот во Дорест, каде е отворен процес за смртта на Аргентинецот, исто така беше откриено дека фудбалерот бил идентификуван од страна на експерт за отпечатоци.

Со оглед на тоа дека Одделот за истрага за авионски несреќи ќе ја испитува авионската несреќа помеѓу 6 и 12 месеци, процесот во Дорест е одложен за 6. ноември.

Ниту еден член на сeмејството на Емилијано Сала не присуствувал на денешниот претрес.