24фудбал

Официјално: Јувентус го потврди ангажманот на Ремзи

Како што и се најавуваше, Арон Ремзи од следната сезона и дефнитивно ќе го носи дресот на Јувентус, италијанскиот шампион го потврди ангажманот на Велшанецот.

Италија

Денеска излегоа вестите дека Ремзи има пред договор со Јувентус и тој ќе биде најплатениот британски фудбалер во историјата со плата од над 400.000 фунти неделно.

Не помина многу време од таквите информации, Јувентус преку официјалниот сајт го потврди ангажманот на Ремзи.

„Јувентус може да соопшти дека Арон Ремзи и официјално ќе биде фудбалер на Јувентус од 1 јули 2019 година. Велшанецот ќе дојде од Арсенал на лето, тој стави потпис на четири годишен договор со италијанскиот шампион, според кој тука ќе биде до 2023 година“, стои во соопштението на Јувентус.