24фудбал

Реал Мадрид жали што не го купи Пјонтек пред Милан

Полскиот фудбалер, Кшиштов Пјонтек импресионира во првите натпревари за Милан, а за него заинтересиран бил и Реал Мадрид, само не притиснал доволно силно, а сега жали за тоа.

Шпанија

Пјонтек имаше фантастично деби во Серија А, одигра маестрална полусезона во Џенова и го привлече вниманието на себе. Милан беше најконкретен и успеа да го купи во јануари.

Микал Пробиерц, кој му беше тренер на Пјонтек во Краковија, открива дека и Реал Мадрид бил заинтересиран за напаѓачот и сега жали што не го купи пред Милан.

„Засега одлично му оди и ги прави сите потребни чекори за да стане голем фудбалер на интернационално ниво“, вели Пробиерц за „Газета дело Спорт“.

„Сигурен сум дека Милан сега ќе се врати во топ четири клубови во Серија А. Потоа, во иднина тој ќе стане ѕвезда која ќе вреди и за Реал Мадрид“.

„Навистина мислам дека директорите на Реал Мадрид жалат што не вложија силен напор за да го купат во јанури. Навистина се интересираа за него, но Милан го посакуваше повеќе“.

„За италијанските фанови, особено росонерите, е одлично тоа што можат да го гледаат секој викенд“. 

„Сигурен сум дека со неговиот карактер и однесување од секој аспект на играта, тој ќе биде еден од најголемите напаѓачи на неговата генерација“.