24фудбал

Сари има проблеми со дел од фудбалерите на Челси

Според шпанскиот весник „АС“, Маурицио Сари има проблем со контролата над „соблекувалната“ во Челси.

Англија

Весникот пишува дека веќе со месеци Сари не може да смета на поддршка од големите имиња во Челси, со некои од нив не е во добри односи.

„Има фудбалери кои не ги разбираат методите на Италијанецот, не го сакаат тоа што тој го наметнува и тоа се одразува на теренот“, вели изворот до кој доаѓа весникот „АС“.

Челси во минатото коло го доживеа најголемиот пораз во својата премиерлигашка историја кога загуби од Манчестер Сити со 6-0.

Тоа само ја продлабочи кризата на Стемфорд Бриџ, а доколку таа не биде решена во брзо време, се чини дека нема долго да трае работата на Сари во Челси.