24фудбал

Сензационална шпекулација поврзана со Јувентус и Салах

Египјанецот има важечки договор со Ливерпул до 2023. година, Премиерлигашот може доста да заработи на негова евентуална продажба, а за иднината на Салах постојат многу шпекулации, меѓу кои се споменува и Јувентус.

Италија

Скај Њуз Арабија пренесе шокирачка шпекулација, секако и сензационална, а истиот медиум тврди дека Јувентус е подготвен да потроши повеќе од 200 милиони евра за да го доведе во своите редови Мохамед Салах од Ливерпул.

Медиумот тврди дека првата ѕвезда на Старата дама, Кристијано Роналдо наводно дал зелено зветло до челниците на италијанскиот првак за да тргнат кон Египјанецот во обидите да дојдат до неговиот потпис.

Салах веќе две сезони е дел од редовите на Ливерпул во чиј дрес досега потпиша 64 погодоци, вклучувајќи ги и оние 45 во ланската сезона каде Ливерпул стигна до големото финале од Лигата на шампионите.

Секако, оваа вест за многумина барем во овој момент е оценета како сензационална шпекулација од Скај Њуз Арабија, меѓутоа, трансфер пазарот низ Европа не познава граници изминатите неколку години, па останува да видиме во периодот кој претстои колку сево ова е возможно.