24фудбал

Поради неодговорниот Санчо, Борусија Дортмунд подоцна стигна во Лондон

Борусија Дортмунд утре му гостува на Тотнем во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а денешниот пат кон Лондон на германскиот тим беше одложен за неколку часа.

Лига на Шампиони

Борусија Дортмунд веќе е во Лондон каде вечерва на Вембли ќе има и тренинг, во пресрет на утрешниот меч против Тотнем во Лигата на шампионите.

Но, пристигнувањето во англиската метропола не беше во предвидениот термин и тоа само поради фудбалерот Џејдон Санчо.

Санчо си ги заборавил пасошот, па морал да се враќа до дома, а тоа го одложило полетувањето за некој час.