24фудбал

Перишиќ би можел да му се одмазди на Арсенал со трансфер во неговиот најголем ривал

Хрватот побара трансфер во Арсенал откако доби импресивна понуда од тој клуб во зимскиот преоден рок, но, Премиерлигашот се повлече откако го доби Денис Суарез на позајмица од Барселона, веројатно нема подобар начин за „слатка одмазда“ на Перишиќ од трансфер во неговиот најлут ривал.

Англија

Тотенхем на лето би можел да лансира понуда до Интер, за крилото на таа екипа, Иван Перишиќ, веќе поранешната, неостварена желба на најголемиот градски ривал Арсенал.

Тутоспорт пишува дека шефот на стручниот штаб на Премиерлигашот, Маурисио Покетино силно го посакува Хрватот во своите редови, а весникот додава дека веќе имало првични контакти за евентуален трансфер остварени уште во јануарскиот преоден рок, се очекува детални преговори за трансфер во летниот.

30 годишниот Перишиќ повторно е дел од составот на Интер откако минатиот месец во последен час му пропадна трансферот во Арсенал, клуб кој се повлече од веќе „договореното“ со Хрватот, а на крајот го остави на цедило и во една крајно непријатна ситуација за него.