24фудбал

Фенербахче и Елмас ја добија првата битка со Зенит (ВИДЕО)

Фенербахче со 1-0 го победи Зенит во првиот натпревар од 1/16 финалето во Лига Европа, Елиф Елмас беше стартер за турскиот тим.

Лига Европа

Фенербахче ја искористи предноста на домашен терен и оствари победа без примен гол во првиот меч од нокаут фазата против Зенит.

Клучниот момент се случи во 21. минута кога Слимани постигна гол за водство на Фенербахче од 1-0, што беше и конечниот резултат.

Брзо по дадениот гол Елмас имаше две убави шанси да го зголеми водството на Фенер но не успеа.

Пред крајот на првото полувреме беше досуден пенал за Фенербахче, но голманот Текин со помош на пречката го одбрани ударот на Мак.

Во второто полувреме речиси и да немаше посериозна прилика и на двете страни, по крајот домќините заслужено се радуваа на победата.

Елиф Елмас имаше одличен настап, беше стартер на натпреварот и настапи до 72. минута кога на негово место влезе Ајев.