24фудбал

Меси ќе ја заврши кариерата во Барселона, верува Бартомеу

Во Барселона веруваат дека првата ѕвезда на таа екипа ќе се пензионира токму на Камп Ноу, се очекува неговиот договор да биде обновен за да се потврдат сите овие најави поврзани со иднината на Меси.

Шпанија

Барселона ќе го обнови договорот на Лионел Меси, а во каталонскиот гигант веруваат дека Аргентинецот ќе се пензионира токму на Камп Ноу, ова доаѓа по изјавата на првиот човек на тој клуб, Жозеп Бартомеу.

31 годишниот Меси постигна 581 гол во дресот на Барселона каде досега има 665 настапи, тој има важечки договор до 2021. година, кој го потпиша во 2017. година, но, Бартомеу верува дека првата ѕвезда на тимот до крајот на својата кариера ќе биде дел од таа екипа.

Лео Меси ќе продолжи со нас“ изјави Бартомеу.

Тој е голем фудбалер за овој клуб, односот помеѓу него и клубот ќе продолжи да се негува на еден посебен начин, а така ќе биде засекогаш“ посочи Бартомеу.

Првиот човек на Каталонците говореше и за иднината на Алба, за кого посочи дека клубот веќе му понудил нов договор, а од друга страна пак, и самиот бек посакува да остане, па очекувањата се ова прашање да се затвори што е можно поскоро, во однос на Валверде, Бартомеу очекува да остане на клупата на гигантот, што воедно е и желба на самиот тренер, кој, според него стекнал голема доверба во клубот и играчите во составот со кој располага.