24фудбал

Атлетико Мадрид им се приклучи на Челси и ПСЖ во битката за Ришарлисон

Голем е интересот за ѕвездата на Евертон кој блесна во новата сезона, освен одличните настапи во Премиерлигата, брзо импресионираше и во дресот на Бразил, откако најпрво дебитираше со два гола.

Шпанија

Атлетико Мадрид им се приклучи на Челси и ПСЖ во битката за потписот на ѕвездата на Евертон, а воедно и репрезентативец на Бразил, Ришарлисон.

Според пишувањата на АС, се верува дека Атлетико Мадрид веќе имал неофицијални контакти со претставниците на Ришарлисон околу можни преговори во летниот преоден рок, а Евертон би можел добро да заработи на негова евентуална продажба од причина што тој игра во фантастична форма, а веќе се докажува и во дресот на Кариоките.

Се верува дека Атлетико Мадрид нема да има ништо против добро да го одврзе ќесето за Ришарлисон, најмногу поради фактот што има само 21 година, а челниците на шпанскиот прволигаш имаат мислење дека Бразилецот брзо би се адаптирал во таа екипа.

Ришарлисон лани направи трансфер во Евертон за сума од 50 милиони фунти, обештетување кое легна на сметката на Ватфорд, досега постигна десет погодоци оваа сезона, а добрите игри во дресот на тимот од Гудисон парк, го примамија и селекторот на Тите, кој упати повик до Ришарлисон, а овој не чекаше многу да возврати со погодоци, досега постигна три на шест настапи за Кариоките.