24фудбал

Доколку се остварат најавите за суспензија, Бејл ќе зажали за овој начин на прослава (ВИДЕО)

Велшанецот имаше крајно чудна и контроверзна прослава на голот во градското дерби против Атлетико кое Реал го доби на терен на големиот ривал, доколку се остварат најавите, Бејл би зажалил за таквиот гест, ако се утврди дека е упатен кон домашните навивачи.

Шпанија

Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Атлетико Мадрид во големото градско дерби кое избраниците на Сантијаго Солари го добија со 1-3, а победата ја потврди Бејл со голот со кој го постави конечниот исход од дербито на 23 коло во Примера.

Сепак, од дербито остана запаметена една крајно контроверзна и доста дискутабилна ситуација, поточно, се работи токму за голот на Бејл, тој имаше чудна прослава на истиот, а сега од шпанската фудбалска асоцијација истражуваат какви намери имал Велшанецот во таа прослава.

Гестот на Велшанецот влезе во записникот од мечот, а од официјалното соопштение кое го упати до јавноста Ла Лига, се вели дека тој гест ќе биде под целосна анализа и истрага, откако многумина истиот го интерпретираа како крајно непристоен.

Доколку се утврди дека гестот на Бејл бил упатен директно кон навивачите на Атлетико  Мадрид, на 29 годишниот Бејл му се заканува драконска суспензија од цели 12 меча во Примера, во сезона во која Реал Мадрид ќе се обиде да се поправи по катастрофалните резултати од претходниот период.